https://www.facebook.com/photo.php?fbid=672157527608494&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

27.10.2022 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, нема да оди во Благоевград на отворање на клубот „Никола Вапцаров“, на ОМО Илинден Пирин, бидејќи не бил поканет.

„Мене не ме поканија, иако тоа ме чуди, бидејќи тие луѓе кои ја отвораат таа спомен куќа или дом, не е регистрирано според бугарските прописи и е приватна иницијатива, но беа примени во мојот кабинет“, истакна претседателот Пендаровски, и додаде дека тоа бил прв официјален прием на Македонци од Бугарија од осамостојувањето од Бугарија.

Пендаровски додаде дека за 31 година независност, никој ги нема примено како Македонци од Бугарија, но тоа е грижа на државата за дијаспорите околу, додаде претседателот.

Претседателот Пендаровски, во врска со бугарските здруженија во Република Северна Македонија, смета дека не треба да се дозволи да носат имиња на докажани фашистички соработници, и според него доколку по најава на Министерството за правда, и доколку биде донесен нов закон за здруженијата, нема да може да важи ретроактивно но може да се преиспита работата на постоечките здруженија.

Подготвено од М.Н.

About Author