18.10.2022 Скопје
Кинеското Министерство за надворешни работи, ги повика кинеските граѓани да ја напуштат Украина и за оние кои немаат услови сами да го сторат тоа, амбасадата ќе помогне во организирањето на евакуацијата.
Во соопштение од кинеското Министерство за надворешни работи се истакнува, дека со оглед на тешката безбедносна ситуација во Украина, кинеските државјани што се уште се во таа земја, да ги зајакнат безбедносните мерки на претпазливост и да се евакуираат од земјата.
Подготвено од М.Н.