10.10.2022 Скопје
Општините во државата започнаа да набавуваат огревно дрво за училиштата со цел да заштедад струја и да обезбедат топли простории на учениците, ги враќаат старите ќумбиња и печки на дрва.
Се уште не е започната грејната сезона а училиштата веќе имаат добиено високи сметки за струја, со оглед дека постојат сериозни предлози кои на вистински начин би излегле во пресрет како на општините така и на училиштата, експертите апелираат што побргу да се реши овој проблем.
Сериозен проблем е во делот на обезбедувањето на средства и енергенси, цените вртоглаво растат, и тоа веќе за 4-5 пати повисоки од оној износ кој се плаќаше во изминатиот период.
Дали ќе биде решен проблемот со греењето на училиштата, кој во овој момент е еден од најактуелните проблеми, со враќање на печките на дрва, останува да одлучат надлежните во државата.
Подготвено од М.Н.