https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=bugarija+zname&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=fMpML_SfU62W1M&imgdii=ACOHsv4ovjXGjM

Bulgaria flag waving in the blue sky in the wind

02.10.2022 Скопје

Техничкиот бугарски премиер Галаб Донев, изјавил дека денешните парламентарни избори во Бугарија ќе бидат организирани според највисоките меѓународни стандарди.

Донев изразил надеж дека на овие избори ќе има висока излезеност.Главен акцент е ставен на сигурноста на машинското гласање, мерките за кибер безбедност, како и на напорите на Министерството за внатрешни работи на Бугарија против купување на гласови.

Регистриран е голем број на отворени гласачки места во странство, со што на бугарските граѓани кои се надвор од државата им дава можност да гласаат во максимален број.

Донев посвети посебно внимание на извештаите на ПССЕ, кои секогаш се карактеризираат со објетивност, Донев ја изрази подготвеноста на неговата Влада да обезбеди помош за успешно спроведување на мисијата на ПССЕ во Бугарија, во согласност со сегашното законодавство.

Анкетите покажуваат дека значителна предност има политичката партија ГЕРБ на Бојко Борисов, а зад него е Продолжуваме со промените на доскорешниот премиер Кирил Петков. Се проценува дека ниската излезеност на овие избори ќе овозможи влез на осум партии во Собранието, и тоа дополнително би го усложнило процесот на формирање на Влада.

Според податоците на бугарската изборна комисија, во Северна Македонија за гласање се пријавиле 181 бугарски државјанин, гласањето ќе се одржи во Бугарската амбасада во Скопје, конзулатот во Битола, како и во Велес, Кавадарци, Охрид, Струмица, Штип и Прилеп.

Подготвено од М.Н.

About Author