25.10.2022 Скопје

Папата Франциск, оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и ова е нивна трета приватна аудиенција во Ватикан во која разговараа за желбата да се промовира мирот во светот кој е под притисок на војни, особено војната во Украина.

За време на срдечните дискусии, кои биле одржани во Државниот секретаријат, двете страни биле фокусирани на прашања од меѓународната природа, почнувајќи од конфликтот во Украина, со посебно внимание на хуманитарната ситуација и особено внимание било посветено на регионот Кавказ, Блискиот Исток и Африка.

По средбата со папата Франциск, Емануел Макрон се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин и секретарот за односи со држави и мултилатерални организации на Ватикан, надбискупот Пол Ричард Галагер.

Францускиот претседател Емануел Макрон на оваа посета кај папата Франциск беше придружуван од својата сопруга Брижит, а предходно го посети папата на 26 ноември 2021 и 26 јуни 2018 година.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *