https://www.flickr.com/photos/stockportmike/29569352861/in/photolist-M3WEqD-aYhUdH-G5Cb7U-2jkUSFQ-24oQUVW-UpbLWK-S9dd6z-wucZ7b-25vdji1-2hnmxGS-7A3fkG-2eJBSNN-2h6GRRy-FUSmZD-2huvYXm-2ezWD3t-SXtgbh-cMeZBW-7KxQa5-SCci4m-9fAzQN-Q3gmy-HFC1Rg-Xg1i18-SKFb4K-TssTDG-6rz7Po-7zmS21-25QY4ay-2jmpjSJ-Xg1ggM-4mJRAu-5pazMR-8EorPz-govMXC-2n7Vg3i-24HuQCd-EDkHnE-U39WGN-f85qvc-FUSff6-cJMiU-26gJHYc-24xyyjX-D7dsoX-2mZv1yV-2iv18uG-Xg1h5F-24ujmqG-aEq68q

10.10.2022 Скопје

„Би-би-си“ објави дека Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија 2023 година.

Во трката за домаќин се најдоа и Глазгов, Бирмингем, Лидс, Манчестер, Њукасл и Шефилд.

Натпреварот за најдобра песна на Европа ќе се одржи на 13 мај 2023 година.

На овогодинешниот избор за песна на Евровизија победи украинскиот бенд „Калуш оркестра“, но ЕБУ одлучи поради несигурната ситуација натпреварот да не се одржи во Украина.

Клер МекКолган, која е задолжена за културата во Градската управа, изјави дека најпрво, ова го прават за Украина, потоа за нивниот прекрасен град и луѓето кои ќе отидат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author