https://www.facebook.com/photo.php?fbid=653430172819314&set=pb.100044570103558.-2207520000..&type=3

14.10.2022 Скопје

Албанскиот премиер Еди Рама, по своето обраќање во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, кое мнозинството од пратениците го нарекоа шокантно, Претседателството на ПССЕ ја откажа работната вечера со Рама, поради како што истакнаа, дрскоста и навредите кон многумина во неговото обраќање.

Еди Рама, кој во својот говор речиси еден час посвети на Косово и Резолуцијата на ПССЕ од 2011 година за трговијата со човечки органи во Косово, накусо ја нагласи европската интеграција на неговата земја и истакна дека во Стразбур не дошол за да го осуди специјалниот суд за воени злосторства на Косово, создаден по извештајот на ПССЕ, туку да ја осуди дезинформацијата која доведе до тоа, односно обвиненијата дека во Косово постои трговија со човечки органи.

Коментарите на многубројните пратеници истакнаа дека албанскиот премиер премногу се осврнал во својот говор за Косово, а не кажал скоро ништо за неговата земја Албанија.

Претседателството на ПССЕ ги известило шефовите на пратеничките групи дека по обраќањето на албанскиот премиер Еди Рама, Претседателството има донесено одлука да ја повлече поканата до премиерот за работната вечера.

Во Советот на Европа дел од пратениците коментираат дека не се сеќаваат досега да се има случено вакво нешто, односно да биде откажана работна вечера со висок државник од некоја земја.

Подготвено од М.Н.

About Author