https://www.facebook.com/photo/?fbid=679291260218865&set=pcb.679292400218751

24.10.2022 Скопје

Денеска во Јордан, министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, заедно со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ.

Овогодинешната конференција е во организација на Северна Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан.

Министерството за надворешни работи соопшти дека ова е прв пат, после седум години, одржувањето на медитеранската конференција да се врати кај партнерите од регионот, што се смета за голем чекор во зајакнувањето на врските меѓу организацијата и партнерите од Медитеранот.

Во Јордан пристигнати се преку 200 учесници, кои на дводневната конференција ќе дискутираат на неколку различни приоритетни теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе и сл.

Воведни обраќања, покрај министрите Османи и Сафади, се очекува да имаат и министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, како актуелен претседавач со Организацијата и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Министерството за надворешни работи најави дека по завршувањето на воведниот панел, министерот Османи, придружуван од останатите високи претставници, ќе остварат средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин II.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author