https://www.facebook.com/photo/?fbid=680069383474386&set=pcb.680069773474347

25.10.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи соопшти дека министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, имаше средба со министерот за земјоделство Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа меморандум за разбирање за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на Република Северна Македонија и на Хашемитското Кралство.

Министерот Османи истакна дека со потпишување на овој документ, се создава основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Република Северна Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Република Северна Македонија. Како што истакна министерот Османи, тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбените продукти. Од друга страна, според Османи, Република Северна Македонија има потенцијал за кој се потребни нови пазари и не постои сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји.

Двајцата министри потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната, како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување на идни проекти од интерес на двете страни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author