26.10.2022 Скопје
Фестивалската програма на овогодинешното издание на Интернационалниот театарски фестивал „св.Јоаким Осоговски“, кој што во континуитет ќе се одржи по 14 пат, и се одржува под покровителство на Општина Крива Паланка, отпочна со свечено врачување на наградата-лауреат за 2022 година, доделена на врвниот актер и сестран уметник, Драган Спасов-Дац.
Во следните десет дена, жителите на Крива Паланка ќе уживаат во театарската уметност и градот ќе биде место каде што ќе може да се пронајде вистинско уживање во сцената на штиците кои живот значат, а љубителите на театарската уметност ќе можат да уживаат во репертоарот на комедии и перформанси.
Наградата која е доделена е за заслуги во развој и промоција на театарската уметност, а промотори на настанот беа уметничкиот директор на фестивалот, Гоце Ристовски и актерот Благоја Чоревски.
Драган Спасов-Дац, на својот фејзбук профил се заблагодари на кривопаланчани за емоциите кои го имаат доведено до солзи и истакна дека се чувствува премногу гордо за доделената награда „Јоаким Осоговски“.
Подготвено од М.Н.