08.10.2022 Скопје
За своите граѓани, Општина Илинден обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедската патека Марино-Кадино.
Од Илинден информираат дека определбата на Општина Илинден е да им овозможи бесплатни услуги на своите граѓани неопходни во секојдневното функционирање за лична употреба. Претходно, Општината овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино.
Од Општината, воедно, информираат дека во следниот период ќе се воведат нови бесплатни интернет зони и на други локации на територијата во општината.
Подготвено од А.Ѓ.