07.10.2022 Скопје
По повикот од опозициската партија на Република Српска, неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Бања Лука, за да го искажат своето незадоволство од претседтелските избори кои беа одржани минатата недела.
Освен опозициската партија, и неколку други партии, бараат повторување на изборите за претседател бидејќи како што велат, постојат сомнежи дека има кражба на гласови од страна на лидерот на владеачката СНСД, Милорад Додик.
Според податоците од Централната изборна комисија, по пребројувањето на мнозинството гласови, актуелниот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, води со мнозинство гласови за претседател на Република Српска, со скоро 30 илјади гласови пред својата противкандидатка која е од партијата на здружената опозиција, Јелена Тривиќ.
Подготвено од М.Н.