https://www.flickr.com/photos/liakadaweb/47884784331

18.10.2022 Скопје

Започна поставувањето на автоматската мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид, кој е проект на Министерството за животна средина и просторно планирање, вреден околу 100.000 евра.

Станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и ќе биде управувана од ресорното министерство, а Општина Охрид ги има обезбедено сите потребни одобренија и дозволи за поставување, согласно законската регулатива.

Со оваа станица ќе биде воспоставен механизам за редовно следење на состојбата на квалитетот на воздухот и изворите на загадување, кое што е од особено значење за жителите на Охрид.

Подготвено од М.Н.

About Author