https://www.flickr.com/photos/146253296@N05/29073170821/in/photolist-Li6AMT-8fBAJH-MfiEp9-L9vryi-21BLE95-h1LDx3-g6KTqx-5s3sU6-Ufc6i7-Zo3qu5-aNbNb4-4sfVdH-K61G65-9bWCdZ-mkz3n-h1JPfp-9ELnSV-eBkrkt-h1JKDB-HdBuqg-DZuyNY-rV9MZb-h1LHcs-eJv8Qh-ddkfcM-h1LVar-5s7DwE-2c1KSVm-h1LJui-h1JKHJ-nEMPF-eBkiYk-5TUkYX-ei4VeL-HdBtT4-7evGdV-bEGQE6-236xTmr-h1K2y1-KgiGwd-cB9yDS-h1KrpE-3138f3-KzQFwH-6b7utY-4CPxLr-2cTaPgH-9abqvr-8ZJrhz-VBPTFG

29.10.2022 Скопје

Високите цени на енергенсите, поттикнати од војната во Украина, го зголемија притисокот врз владите низ Европа за да го ублажат ударот на сè поголемите трошоци за енергија за домаќинствата и претпријатијата.

Илјадници Чеси протестираа денес во Прага против владата од десниот центар и повикаа на предвремени избори и на директни преговори со Русија за снабдување со гас пред да започне зимата.

Откако чешката влада на премиерот Петр Фијала се придружи на санкциите на ЕУ против Русија и застана на страната на Украина во конфликтот, донесе низа мерки, од финансиска помош за компаниите до ограничување на цените на електричната енергија за домаќинствата.

Протестите на главниот плоштад во Прага, е третиот по ред протест, кој е во организација на десничарските политички движења и Комунистичката партија.

Групата „Чешка прва!“ се противи на Европската Унија и НАТО и сака нацијата од речиси 11 милиони жители да биде воено неутрална.

Полицијата во Чешка проценува дека се имаат соберемо околу десетици илјади луѓе, но било за нијанса омалку од предходните два собири.

Подготвено од М.Н.

About Author