znaminjata na eu i ukraina

17.10.2022 Скопје

Попладнево, Советот на ЕУ соопшти дека официјално е одобрена Мисијата за воена асистенција на Украина, ЕУМАМ Украина, на барање на Киев за воена помош.

Од Советот на ЕУ изјавија дека Европската Унија со ова етаблира нова воена мисија, чија цел ќе биде да помогне да се зајакнат воените капацитети на украинската војска и да води воени операции за да го одбрани својот територијален интегритет и своите граници.

Земјите членки ќе обучуваат украински војници во ЕУ.

Мисијата ЕУМАМ Украина ќе обезбедува индивидуална, колективна и специјализирана обука за украинските воени сили и ќе се врши координација помеѓу земјите членки на ЕУ и Киев за редовни обуки.

Конкретно, мисијата ќе работи во земјите членки, а оперативното седиште ќе се наоѓа во Брисел, каде ќе се врши координацијата. Командир на мисијата ќе биде Херве Блежан.

Мандатот првично ќе трае две години и ќе чини над 106 милиони евра. Мисијата е отворена и за земји кои не се членки на ЕУ, ако сакаат да учествуваат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author