07.10.2022 Скопје
Во главниот град на Чешка ќе биде одржан неформален Самит на Европската Унија, во чиј фокус ќе биде одговорот на одлуката на Русија да припои четири украински региони.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, најавил дека освен тоа, шефовите на државите и влади на ЕУ ќе разговараат и за можностите за подобрувањето на заштитата на критичната инфраструктура.
Мишел посочил дека веќе донесените мерки треба добро да се анализираат и да бидат подготвени за понатамошни активности за да има добро коондиниран европски одговор.
Шефовите на државите или на владите на земјите од Европската Унија, земјите-кандидати и соседите се согласиле дека ваквиот начин на средби и разговори за проблемите и меѓусебната соработка, без агенда и без формални заклучоци им одговара на сите нив, а исто така се согласиле и овие самити да продолжат.
Мишел истакна дека Самитот на новата иницијатива-Европската политичка заедница, најавила дека следен домаќин на самитот на 44-те земји од Европа, без Русија и Белорусија, ќе биде Молдавија, потоа Шпанија па Велика Британија.
Чешкиот премиер истакна дека државниците разговарале и за миграцијата, безбедноста и за енергетиката, и разговорите ќе бидат продолжени на следниот самит во Кишињев, а му се заблагодари и на францускиот претседател Емануел Макрон, што ја дал оваа идеја за Европска политичка заедница.
Подготвено од М.Н.