18.10.2022 Скопје
Денеска, во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје преку презентација на совети како да се заштитиме себеси и најблиските од трговијата со луѓе ќе се одржи настан со цел да се подигне јавната свест за оваа појава.
Како што информираат од МВР, изготвени се информативни материјали со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа, а кампањата ја спроведува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со СВР Скопје, секторите за превенција и Здружението на граѓани „Отворена Порта-Ла Страда“.
Подготвено од А.Ѓ.