19.10.2022 Скопје
Владата на Република Северна Македонија најостро ги отфрлува обвинувањата за тоа дека имаат долг кон Јавното претпријатие ЈСП-Скопје, како што обвинува раководството на ова јавно претпријатие и најавува протест, соопштија од Владата.
Ваквата состојба во којашто се наоѓа ЈСП е показател дека општините неодговорно менаџираат со сретствата кои се наменети за превоз на учениците и навремено не ги подмируваат своите обврски. Ги повикуваме локалните самоуправи кои ги користат услугите на ЈСП-Скопје, да го подобрат своето менаџирање со буџетот и навремено да ги подмируваат долговите кон ова јавно претпријатие, стои во соопштението од Владата.
Согласно со документацијата на Министерството за образование и наука, ова министерство редовно ги сервисира своите обврски кон сите субјекти кон кои има регулирани законски надлежности, или пак со оние со кој има склучено договори по разни основи, кои иницираат финансиски обврски, што не е случај и со јавното претпријатие ЈСП, велат од Владата.
Подготвено од М.Н.