https://www.flickr.com/photos/nathan-thomas/2984079787/in/photolist-5xGbXv-6pjSNR-tj6Xh-FEdZU-fCsdyw-5xzuZU-2mx4wyV-2iMwevU-7fzGki-yX12x-7fDyRU-7fzCrt-e3RMCW-rbtK6d-yWZSn-hiMub-3p2CQS-62xosM-g6oxc-7zqx4t-M91X-3p2pDu-GjsdAC-9KNmyT-4xyiZS-7fzuPc-7fzwtp-EVNHi-7fDxwb-6Pavm3-vVLoV-4VGVzU-9AiwpX-vvd3u-3Kx34T-3p2KiA-9eX3Df-7fzxyc-3oWAFX-5kkMrW-wY7t-3je6Df-x4u1H2-FJsN7-3p2rdS-7QYrfG-3p28A9-3p2y3s-3p2eah-3p2o8J

14.10.2022 Скопје

Од утре во Скопје граѓаните кои се греат на парно, треба денот да им започне во топли домови, бидејќи официјално почнува грејната сезона и конечно се решени сите дилеми околу тоа кој ќе биде задолжен за снабдување и испорака на топлинска енергија, откако пред неколку месеци на БЕГ му беше одземена лиценцата.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека се донесени одлуки за издавање на новите лиценци за вршење на енергетски дејности од округот на топлинската енергија.

Лиценцата за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, доделена е на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје, со важност до 30 април 2023 година. Лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија ја доби ЕСМ Дистрибуција за период од 35 години, кој е максималниот рок предвиден со Законот за енергетика, додека снабдувањето со топлинска енергија ќе го врши ЕСМ Снабдување со лиценца која е издадена на период од 10 години.

Претседателот на РКЕ, Марко Бесломовски, соопшти дека во вчерашниот ден се доставени и последните документи кои биле потребни за издавање на лиценците, а со нивно доставување се исполнуваат сите услови за навремено започнување на грејната сезона во Скопје, и упати апел до сите граѓани доколку на почетокот се случуваат некои дефекти, да покажат разбирање околу тие проблеми кои се очекувани на почетокот на новата грејна сезона.

Подготвено од М.Н.

About Author