https://www.facebook.com/photo/?fbid=2209819225856327&set=pcb.2209819625856287

17.10.2022 Скопје

Анадолија информира дека од потпишувањето на договорот за извоз на жито од Украина, вкупно 345 бродови превезле 7,7 милиони тони жито од украинските пристаништа.

Хулуси Акар, министерот за национална одбрана, и Олександр Кубраков, министерот за инфраструктура на Украина, вчера го посетија Заедничкиот координативен центар, кој продолжува со своите активности во Истанбул.

Хулуси Акар потсети дека пред три месеци беше потпишан договор за извоз на украинско жито, во чии рамки беше формиран Заеднички координативен центар во Истанбул.

Украинскиот министер Кубраков им се заблагодари на Ердоган и министерот за одбрана Акар за нивниот придонес во создавањето на коридорот за жито.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author