https://www.facebook.com/photo/?fbid=512018442174253&set=a.437537827739391

13.10.2022 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оствари средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануел Жофре, за предавањето на годишниот извештај на Европската комисија за Србија за 2022.

Благодарни сме за напорната работа која Европската комисија ја има вложено за да го направат овој извештај. Најважниот дел е оној кој го кажа Жофре, а се однесува на нашиот однос кон воведувањето на санкции на Русија. Србија за ниедна до сега нема гласано, тоа е единствениот дел каде што е забележано назадување, односно во нашиот однос кон санкциите. Србија ја плаќа цената за тоа, но ќе земеме во предвид се она кое го имаат наведено, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Она кое е важно, истакна Вучиќ, е дека Европската комисија има констатирано дека Србија е спремна да го отвори кластерот 3. Овој извештај ни отвара многу простор заедно со сите од Брисел да продолжиме да работиме со сеопфатни реформи, да направиме многу во владеењето на правото.

Многу е важна и анализата дека Србија гради добрососедски односи со сите, освен со Хрватска, и важно е дека Србија до сега нема предизвикано ниту една криза и по тоа прашање многу е тежок патот пред нашата држава и се плашам дека нема да има добри вести за Србија, истакна Вучиќ.

Што се однесува до Косово, ние самите сме виновни бидејќи ние донесовме одлука преговорите да бидат префрлени во Европската Унија и сега можеме да се жалиме но тие гледаат на Косово како независна држава и сакаат нас да не водат кон тоа. Жофре истакна дека треба да ја гледаме поголемата слика, оној кој не ја казнува Русија, ќе биде казнет тој, и во оваа ситуација ние сме тие, но нашата политика е таква и не сакаме да ја менуваме, истакна српскиот претседател.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *