17.10.2022 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% во однос на одлуката од 12.10.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, бележат намалување кај бензините во просек за 1,57%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209%
Курсот на денарот, во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, е повисок за 1,071%.
Од 18.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС-95 – 89,00 денари/литар
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС-98 – 91,50 денари/литар
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 103,00 денари/литар
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 денари/литар
– Мазут М-1 НС – 51,034 денари/килограм.
Подготвено од А.Ѓ.