https://www.flickr.com/photos/jeepersmedia/14319902599/in/photolist-nPpf9p-6g8Pud-2nwFsG5-2PE1t-4CjwVy-o6MJAN-2yzQ67-nPpfJw-7uxBwM-855Ct-2irBr2f-7nAY7t-7nEVUs-7hgjni-4Pz2Qz-Eby3s-w5xFM-7PcAK1-7d8DHJ-5pJ9WL-4hUZTU-aPYCLK-4xJ8Q5-FyPfkR-68MLoE-xPhg7r-2JVfDs-4rCwGA-7nAZEt-4zjGKg-e146uU-5D82F-8R5PqH-4L3p9o-8LvCf-7CezRP-4toLXi-K5M9U-497cjQ-6tW3gz-bvCRSa-9Rp9zM-4ECag7-9xfwTM-7z6wy8-4toLqx-7PcvPU-2mk3hE-bwCdKu-q7CV1d

07.10.2022 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, донесе одлука со која ќе се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59 проценти во однос на одликата донесена на 05.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка, бележат зголемување, и тоа кај бензините за 1,746%, кај дизелот за 6,212%, кај екстра лесното масло за 5,997% и кај мазутот зголемувањето е за 2,307%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,216%.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC ќе изнесува 51,252 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе се зголеми за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се зголеми за 2,50 ден/кг.

Од регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 01:00 часот на 08.10.2022 година. Трговците на големо и мало со нафтените деривати можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Подготвено од М.Н.

About Author