https://www.facebook.com/photo.php?fbid=810371940285620&set=pb.100039384651153.-2207520000.&type=3

26.10.2022 Скопје

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамки на воспоставениот дијалог со синдикатите на Министерството за одбрана, потврди дека припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари.

Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата, за која министерката Петровска и претставниците на Синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата.

Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа унапредувањето на положбата на секој армиски припадник за мене останува приоритет, истакна министерката Петровска.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно периодично зголемување на платите што ќе допринесе за понатамошно зголемување на стандардот на припадниците на Армијата.

Подготвено од М.Н.

About Author