10.10.2022 Скопје
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на вчерашниот ден соопшти дека во првиот квартал од идната 2023 година повторно ќе има покачување на минималната плата, поради влијанието на зголемените трошоци за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно БДП во државата.
Премиерот Димитар Ковачевски, исто така истакна дека со стопанските комори воделе разговори многу отворено. Сега е вистинското време за да се финансира профитабилноста, сега е време да се финансира опстанокот, како на компаниите, така и за згрижување на најранливите категории на граѓани, и додаде дека Владата има донесено нов пакет на мерки за да се ублажи оваа економска криза која ја засегна целата држава, во вредност од 350 милиони евра.
Подготвено од М.Н.