30.10.2022 Скопје
И покрај најавите дека поради заштеда на електрична енергија може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак по направените анализи Владата одлучи да остане досегашниот систем.
Ова сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Експертот за спиење Ејприл Мајер, вели дека поместувањето на часовникот влијае на нашите модели на спиење, што може да направи да се чувствуваме многу уморни и да ја влоши нашата концентрација, дури и со недели, бидејќи луѓето се будат порано откако ќе се смени часовникот.
Подготвено од М.Н.