19.10.2022 Скопје
Министерството за здравство информира дека од денес почнува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.
Во понеделникот, преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање.
Министерство потсетува дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.
Подготвено од А.Ѓ.