https://www.facebook.com/photo.php?fbid=657117939113679&set=pb.100044464358055.-2207520000.&type=3

20.10.2022 Скопје

Поевтина електрична енергија од 1 декември ќе добијат околу 150 компании за храна во Република Северна Македонија, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Фиксна цена на електричната енергија ќе добијат компаниите за производство на млечни производи, млеко, леб и други прехрамбени производи.

Цената ќе биде најконкурентна и ќе биде уште пониска од таа за малите потрошувачи, истакна министерот Бектеши, и дополни дека оваа мерка ќе важи и за основните и средните училишта, како и за мерните станици на водните пумпи и за прочистителните станици.

Бектеши во текот на денешниот ден, ќе оствари средба со Стопанската комора и ќе ги предложи сите мерки кои што се дизајнирани од страна на Министерството, мерките ќе се знаат од оној момент откако ќе бидат усвоени, бидејќи не е познато дали ќе бидат усвоени онака како што се и предложени и дизајнирани од Министерството за економија.

Министерот Бектеши, не откри по кој модел ќе се плаќа оваа цена на регуларниот пазар, и истакна дека за имињата на компаниите јавноста допрва ќе биде известена, овие мерки се донесени по разговори со сите комори кои се засегнати страни, додаде Бектеши.

Подготвено од М.Н.

About Author