07.10.2022 Скопје
Во пресрет на празникот 8.Октомври-Денот на ослободувањето на Општина Крива Паланка, градот доби санирана, обновена и репрезентативна сала за настани во НУ Центар за култура.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со министерот за Локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на НУ Центар за култура, Дарко Стоилковски, во вчерашниот ден официјално ја пуштија во употреба реобновената сала за културни настани.
Со финансии од Министерството за локална самоуправа-биро за регионален развој, Програмата за урбано подрачја во износ од 4 милиони денари и кофинансирање од општинскиот буџет, близу 450.000 денари, комплетно е обновен целиот ентериер во салата.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, порача дека празнувањата ќе бидат поубави, ќе има подобри услови за работа во НУ Центарот за култура, и ќе има поквалитетна реализација на културните содржини.
Подготвено од М.Н.