https://www.flickr.com/photos/23426098@N06/5234595593/in/photolist-8YyEUa-psMJMr-528YEF-M9oPQx-adYKt6-b4hFr8-qpxste-2iKpNJk-M9oQAk-2efhHr7-LYAKo9-ec8Yi1-5QpmZi-268rtpt-daH8p8-ebPdxT-bsXLbx-ec7nP3-4G6A6E-2kBGGnd-daH9Dg-835Rxv-uXVQ3K-2kzPbRP-2efhHCj-2fmcDZa-2kSLUpf-LcfrEK-2jPNNF1-4G6zs5-4wAbcv-rAw5eX-YUdu3R-qRPJa7-MdapEn-2fgx8H9-24JDtBx-6AZ2X4-NebjmF-24JDtHp-awbxhE-daHdgA-2fgx8NE-2hQ7oVE-LcfqYz-QjwtP-2g2nrtm-2jxusrz-2abXWpY-boKCYC

06.10.2022 Скопје

За навремено да започне грејната сезона во Град Скопје, ЕСМ има набавено гас за топланите Исток и Запад, но количините ќе бидат доволни само за првите две недели , односно набавени се само 3-4 милиони кубни метри гас. Овие количини се набавени од АД Макпетрол, истакнаа од ЕСМ.

Во меѓувреме Владата треба да донесе одлука дали топланите ќе продолжат да работат на гас или на дизел, зависно од тоа како ќе се движат цените на овие енергенси на светскиот пазар.

Сеуште неизвесно е како ќе работи ТЕ-ТО, бидејќи се уште се водат разговори со раководството на компанијата, дали ќе одлучи самата компанија да набавува гас или пак доколку ЕСМ согласно членовите 33 и 6 го преземе управувањето со компанијата обврската за купување на гас ќе биде превземена од страна на ЕСМ.

Подготвено од М.Н.

About Author