29.10.2022 Скопје
Бил Симонс, кој е еден од најпознатите светски НБА аналитичари, изјави дека поранешниот претседател на САД, Барак Обама, би можел да стане еден од сопствениците на Феникс.
Симонс истакна дека Обама изразил желба за инвестирање во најсилното кошаркарско првенство, откако актуелниот сопственик на Феникс Санс, Роберт Сарвер, бил обвинет за расизам.
Првичните информации се дека Феникс се проценува на околу четири милијарди долари, покрај Обама во игра за купување е и Џеф Безос, како и основачот на компанијата „Оracle“ Лери Елисон.
Интересот на поранешниот претседател на САД, Обама, и не е толку големо изненадување, бидејќи важи за љубител на спортот и често пати може да се види на трибините на натпреварите од НБА лигата.
Подготвено од М.Н.