https://www.flickr.com/photos/112531736@N07/12936314345/in/photolist-kH8Zyv-85Fiwp-7k5k8r-96NTPD-u48ZXD-6orG99-7V66F9-7sUJLs-f4MR2-53kHVg-91Lv9Y-6hFpMb-ecDU6p-r1ZAQ1-232uNBY-oCLTEU-8YwffA-4PQn79-6Njg6U-aooyNS-KFX2X-4zDqTB-4t32oP-bbBU1-6NbDBa-e5T3uL-5qQxSm-6ornhN-4Ys1WN-9bzTJ2-4VeYdt-DGa1j-9JizCy-bAPK1H-9AUvB9-arvc3f-LkiqPN-8z4zDx-6i5Z1V-5v7uuY-smQiVS-bz5d2G-9YGSyA-PbarNa-dfnH8F-e8p6Ug-zfgcCM-55McrG-aiTZ6n-8yBvsA

02.10.2022 Скопје

Мелничарите најавуваат дека до крајот на ноември, цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти. Причини за поскапувањето се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата.

Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на реулираниот пазар, нагласувајќи дека само така би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението.

Претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора истакна дека од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, затоа што и онака 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови. Воедно, додаде и дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум, што од намалената домашна жетва во 2022 година, што од неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена. Дополнително, проблем се и оперативните средства за набавка на лебно жито.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author