https://www.flickr.com/photos/rcedric/5669882883/

07.10.2022 Скопје

Според податоците на Евростат, цените на кафето, млекото и шеќерот се зголемиле во сите земји-членки на ЕУ, освен во Малта.

Секојдневната рутина со која многумина го започнуваат денот, шолја кафе ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку една година порано.

Податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со август 2021 година, покажуваат дека граѓаните на ЕУ пијат кафе поскапо за 16,9 проценти.

За оние кои го пијат кафето со млеко или шеќер, овој утрински ритуал може да биде уште поскап и да стане луксуз, бидејќи цените на тие артикли се зголемени уште повеќе во текот на изминатата година. Цената на свежото полномасно млеко во Северна Македонија е зголемена за 29 отсто, а на шеќерот за 58 проценти.

Во земјите од ЕУ, во просек млекото поскапело за 24,3 отсто, а шеќерот за 33,4 отсто, најмногу во Полска за дури 109,2 проценти.

Кафето најмногу е поскапено во Финска, Литванија и Шведска. Додека пак, млекото во Литванија, Хрватска и Естонија.

Во изминатата година, шеќерот најмногу поскапе во Полска, Естонија, Летонија и Бугарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author