31.10.2022 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28 октомври 2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 0,870%, кај дизелот намалување за 1,202%, кај екстра лесното масло намалување за 0,228% и кај мазутот зголемување за 2,506%.
Во изминатиот период, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,387%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.
Од 1 ноември 2022 година од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 90,50 денари/литар;
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 92,50 денари/литар;
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 денари/литар;
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,00 денари/литар;
– Мазут М-1 НС – 50,067 денари/килограм.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Подготвено од А.Ѓ.