https://www.flickr.com/photos/anwar-nillufary/31342279683/in/photolist-PKBnNt-LYEBBp-bWJKD9-myknLj-6aTTuC-5USVvY-MCXpsX-cqXNG7-34ykD-88rMEi-bSUgyn-oDqNAo-dtcRrR-87FvXU-K5E6ch-myioUr-cvW1rA-Mh5RLQ-28bBkwq-uehufu-38DeYB-Yq5yZN-8iMg6x-FNvaKB-DfvZv-rf1aFc-24XwRb2-YmzNjc-3PCkfR-GiQhH6-264edeW-26fuQZd-9TK3EP-axtM8f-exX77P-9nGoxw-bWJQkG-9fWuoG-2dDeT4h-e9WbGR-9RUMYK-DaRgiK-aZrudF-27WKJf1-27QRTTq-oJzKyU-2bXUw93-k7oXsM-8Hmx2z-dnhU8M

28.10.2022 Скопје

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинет за корупција, планира да се врати на власт по парламентарните избори на 1 ноември, петти во Израел за помалку од четири години, во услови на наплив на екстремната десница и раскол меѓу арапските гласачи.

Нетанјаху во изборната трка учествува како лидер на опозицијата, а противкандидат е премиерот во заминување Јаир Лапид.

Последните анкети сè уште му даваат добри изгледи на Нетанјаху, со нешто повеќе од 30 од вкупните 120 места во Кнесетот, пред новата партија Јеш Атид на Јаир Лапид, која освои 24 до 27 места.

Зад нив стојат десетина партии чии резултати ќе бидат одлучувачки за евентуалното формирање влада, особено за Нетанјаху, кој мора да ја добие поддршката од ултраортодоксните партии и екстремната десница за да обезбеди мнозинство, односно да освои 61 пратеничко место.

Екстремно десничарската коалиција на Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир освои шест пратенички места на изборите во 2021 година, а овој пат според анкетите добива 14 пратеници, со што сега „религискиот ционизам“ го носи на третото место на политичката сцена.

И ако ги собере тие гласови, не е сигурно дали Нетанјаху ќе добие мнозинство, велат анкетите објавени во израелските медиуми.

Минатата година, познатиот поранешен новинар Јаир Лапид собра разновидна коалиција на партии кои се спротивставија на Бенјамин Нетанјаху и на тој начин го собори најдолгиот израелски премиер, кој ја водеше владата од 1996 до 1999 година и од 2009 до 2021 година. Денес на таа коалиција и недостигаат пет-шест места ако сака да остане на власт.

Политичкиот аналитичар Далија Шајндлин очекува добар одѕив што може да ја запечати политичката судбина на Бенјамин Нетанјаху и неговиот план да владее заедно со екстремната десница, И покрај „екстремниот замор“ на гласачите.

Арапските партии, најголемите противници на Нетанјаху, на овие избори влегуваат поделени во три блока и постои ризик некои да не го поминат изборниот праг.

Доколку обезбеди мнозинство од 61 место, Нетанјаху, кој објави мемоари две недели пред изборите, може да побара од парламентот гласање за имунитет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author