https://www.facebook.com/photo.php?fbid=540125458119016&set=pb.100063646984410.-2207520000.&type=3

26.10.2022 Скопје

ПВК Орион и ПК-Скопје, на меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ остварија нови државни рекорди.

На Меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ кој е во организација на ПК Бета Шаркс, Јован Јанковски, постави пет нови национални рекорди на Македонија, каде оствари време од 23,40 секунди во дисциплината 50 метри слободно за нов кадетски и младински рекорд на Република Северна Македонија. Потоа на 100 метри слободно имаше резултат 52,07 секунди, на 50 метри делфин 25,28 секунди за нов кадетски рекорд, а во дисциплината 100 метри делфин имаше време од 55,78 секунди исто така за нов кадетски рекорд.

На овој пливачки митинг, ПВК Орион освои вкупно 31 медал од кои, 9 златни, по 11 сребрени и бронзени во машка и женска конкуренција.

Најефикасен македонски пливачки клуб на пливачкиот митинг „13 Ноември“ беше ПК-Скопје со вкупно 47 освоени медали од кои 19 златни, 17 сребрени и 11 бронзени, нови рекорди од ПК-Скопје поставија Димитар Бошнаков и Сара Јанковиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author