24.10.2022 Скопје
Министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија и САД изјавија дека никој нема да биде измамен ако Русија го интензивира конфликтот во Украина под изговор дека Киев ќе употреби „валкана бомба“ на својата територија.
Министрите на трите земји, во заедничка изјава, ги оценија како лажни изјави од Москва дека Украина се подготвува да употреби валкана бомба на своја територија.
Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, вчера имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.
Шојгу им ја пренел на своите колеги својата загриженост „за можната провокација на Украина” и „можната украинска употреба на „валкана” бомба на нејзина територија со цел да ја обвини Русија за тој напад”.
Подготвено од А.Ѓ.