12.10.2022 Скопје
Владата на Република Северна Македонија, пред неколку дена го достави до Собранието предлогот за Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но сеуште нема информација за кога ќе биде закажана пленарната собраниска седница за негов избор.
Во Собранието денеска се одржува средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери, на која ќе се договараат кои ќе бидат следни активности, но нема информација кога ќе биде одржана седницата за избор на Ристо Пенов, кој е предложен за министер за локална самоуправа, откако Горан Милевски поднесе оставка од таа функција поради лични причини.
Засега официјално на веб-страната на Парламентот се закажани две седници на Законодавната правна комисија, додека во утрешниот ден ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура.
Нова собраниска седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери, од поодамна има закажано за 17 октомври.
Подготвено од М.Н.