https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291499540_158662793402160_574622817585160812_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=tIfPuAvRS-kAX9K4A6V&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT85FsEenqRfDk_3MKubsvgBiXCiUyC2pRUo4itW7-5irQ&oe=62D55366

16.10.2022 Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, изјави дека ССМ има излезено во јавноста со шпекулации и создаде премногу паника меѓу граѓаните, нема да има отпуштање и нема да има намалување на платите на вработените во јавната администрација.

Тренчевска истакна дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кое ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.

За препораката за работа од дома, не значи дека целата јавна администрација ќе работи од дома, препораката е за тие кои имаат можност за да работат од дома, и тоа се најмногу 30 отсто од вработените, истакна министерката Тренчевска.

Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска соопшти дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензијата, односно откако ќе се исплати пензијата после неколку дена ќе биде исплатата и на финансиската поддршка.

Подготвено од М.Н.

About Author