14.10.2022 Скопје
Бугарскиот технички министер за одбрана, Димитар Стојанов, изјави дека засега нема директна закана за вклучување на Бугарија во воен конфликт, иако Русија во моментов претставува ризик за националната безбедност на Бугарија.
Стојанов во Брисел, каде што учествуваше на дводневниот состанок на колегите од НАТО, изјави дека Бугарија има стари советски системи за воздушна одбрана и затоа е неопходно да се учествува во заеднички систем. Воедно, истакна дека на Бугарија итно и е потребен таков систем.
Техничкиот министер Стојанов објави дека заедно со уште 14 земји од Алијансата потпишал писмо со намери за создавање европски противракетен штит.
Стојанов, исто така, истакна дека на состанокот на НАТО не било разговарано прашањето за тврдењата на Русија дека камионот разнесен на Кримскиот мост минал низ Бугарија.
Подготвено од А.Ѓ.