https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10221012783174803&set=t.100044283856925&type=3

20.10.2022 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика земјите-членки да дадат уште поголема воена помош на Украина.

Јенс Столтенберг имаше свое обраќање на Форумот за надворешна политика на фондацијата Кербер во Берлин. Војната во Украина ескалира со руските воздушни напади врз украинските градови и зголемените нуклеарни закани од страна на Москва, истакна Столтенберг во своето обраќање.

Путин нема да успее да ја скрши волјата на украинскиот народ за борба, со западната воена помош пресретнати се многу руски ракети и безпилотни летала, истакна Столтенберг и ги пофали системите за противвоздушна одбрана кои што беа испорачани од Германија.

Столтенберг, исто така ја спомена и се поагресивната Кина, осврнувајќи се на можна инвазија над Тајван, со што генералниот секретар на НАТО додаде дека никогаш не е прифатливо една земја да се обиде да узурпира територија на друга земја и дека Кина барем треба да ја осуди руската инвазија врз Украина.

Столтенберг му потрача на Путин дека НАТО нема да дозволи никакви закани или уцени да влијаат на поддршката која ја даваат на Украина.

Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, додаде дека нема да дозволат Русија да победи во оваа војна, бидејќи ако тоа се случи ќе биде упатена многу силна порака до сите авторитирани лидери во светот, а тоа е, доколку се употребува груба сила, и се прекршуваат меѓународните права, ќе успеат да ги постигнат своите цели.

Подготвено од М.Н.

About Author