26.10.2022 Скопје
Во годишната вежба за нуклеарно одвраќање „Steadfast Noon” во северозападна Европа учествуваат десетици авиони од земји членки на НАТО.
Воздухопловната команда на НАТО соопшти дека на НАТО вежбата се вклучени 14 земји и повеќе од 60 авиони од различни типови.
Вежбата, што ќе трае до 30 октомври, почна на 17 октомври и во неа учествуваат и танкери и борбени авиони од четвртата и петтата генерација.
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, на 13 октомври изјави дека долго планираната рутинска вежба обезбедува нуклеарните капацитети на Алијансата да останат безбедни, сигурни и ефикасни. Воедно, потенцираше дека одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот.
Подготвено од А.Ѓ.