https://www.facebook.com/photo.php?fbid=372328521602859&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

14.10.2022 Скопје

Група членки на НАТО и Финска, која е во процес на пристапувањето во Алијансата, потпишаа писмо со намери за набавка на системи за противвоздушна одбрана како дел од проектот за подобрување и координација на безбедноста на Европа на небото.

Во текот на вчерашниот ден, германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт изјави дека договорот, дел од Европската иницијатива за небесен штит, доби дополнително значење со руската неиспровоцирана инвазија врз Украина. Воедно, додаде дека вкупно 15 држави се имаат собрано за да организираат заеднички набавки под германска координација во однос на европската воздушна одбрана, потенцирајќи дека тоа е нештото каде што има празнини.

Групата што го потпиша писмото за намери ги вклучува Германија, Британија, Словачка, Норвешка, Латвија, Унгарија, Бугарија, Белгија, Чешка, Финска, Литванија, Холандија, Романија и Словенија. Исто така, и Естонија бара да се приклучи на проектот.

Некои членки на НАТО се обидуваат да ги подобрат своите системи за воздушна одбрана по неиспровоцираната руска војна во Украина. Други треба да ги заменат или надградат системите откако ќе и дадат оружје на Украина.

Потпишувањето доаѓа истиот ден кога министрите за одбрана на НАТО се состанаа за да разговараат за безбедноста во услови на руската војна во Украина и прикриените закани на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе размисли за користење нуклеарно оружје во конфликтот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author