https://www.flickr.com/photos/sierra_suris/5187301763/in/photolist-8Uoh6i-sMcTWa-dsPtTi-7EpN9c-9udSof-9udLDJ-9udRhS-9udPcA-6qko9f-3jPb9t-9sCTyz-3jTB71-79HrUw-9pKu8j-356xMn-7K4cfN-6Yas7Q-4goF2w-7K4bKS-bjnP3p-79HrVS-7wXKpr-demG5A-9ZHoSG-91uraj-dsGfvQ-9T2Ft4-pttXV5-4goFdJ-iehMJ5-7EpN76-6ZTGxN-ytLJ1-73kVkm-2hxYYch-269wFR3-ai3FGV-2j8JqSJ-amYTVL-73kUVf-oP8qaK-7JZgh4-ptuypp-7jumsn-9Gn8Kk-7EpN48-35qQjs-34Ufqf-dsG3M6-8K3x87

03.10.2022 Скопје

Дејвид Петреус, пензионираниот генерал на американската армија, предвидува дека Вашингтон ќе води разурнувачки одговор на секој руски нуклеарен напад во Украина, со што ќе ги избрише сите московски сили и воени бази во регионот.

Пензионираниот генерал Петреус истакна дека заедно со водството на НАТО ќе одговорат со колективен напор, кој ќе ја отстрани секоја руска конвенционална сила што може да се види и идентификува на бојното поле во Украина, а исто така и на Крим и на секој брод во Црното Море. Петреус, воедно, накратко слуежеше како директор на ЦИА откако неговата стратегија за борба против бунтовниците пропадна во Авганистан.

Поранешниот генерал на американската армија Петреус не понуди никакви детали за тоа како силите на НАТО ќе ѝ ја олеснат работата на руската војска и призна дека зборува хипотетички и не знае за плановите на администрацијата на Бајден. Воедно, додаде дека Вашингтон треба да избегне размена на нуклеарно за нуклеарно, бидејќи во спротивно сценарио, САД би влегле директно во војна со најголемата нуклеарна сила во светот.

Рускиот претседател Владимир Путин, минатиот месец, предупреди дека Москва ќе ги искористи сите расположливи средства за заштита на Русија, нејзиниот народ и доколку е во опасност територијалниот интегритет на земјата.

Белата куќа, предупредувањето на Путин, го протолкува како закана за употреба на нуклеарно оружје против Украина и одговори со закани со катастрофални последици.

Петреус истакна дека Путин губи, а реалноста на бојното поле со која се соочува е неповратна, како и дека не постои количина на шамболична мобилизација, што е единствениот начин да се опиште, ниту една количина на анексија, ниту една количина на прикриени нуклеарни закани не може да го извлече од оваа конкретна ситуација. Исто така, Петреус додаде дека Путин се обидува да ги заплаши европските нации да се откажат од поддршката за Украина и дека не мисли дека Путин ќе ја надмине Европа.

Во врска со тешката зима што и претстои на Европа, Петреус смета дека Европа ќе ја надмине и оваа криза, а истакна и дека Европа нема да дозволи да пукне по прашањето за поддршка на Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author