04.10.2022 Скопје
Нов совет при Министерството за образование и наука ќе ја решава кризата за наставата без учебници. Повеќе од 20 дена, интернет страницата во „АУТ“, знаењето го црпи од фотокопирани скрипти, а во некои училишта и нив ги нема.
Ветувањата продолжуваат но роковите се пробиени, надлежниот министер за образование Јетон Шакири, не успеа да обезбеди учебници за учениците од неколку одделенија, а без учебници останаа и првооделенците оваа година. Плановите на Министерството за образование се промениле поради новата концепција, која МОН ја најави па ја повлече под притисок на јавноста и родителите.
Министерот Шакири, предложил педагошка комисија, бирото за развој на образованието и МОН да седнат на иста маса, ќе свикаат и совет кој ќе треба да го реши овој проблем со учебниците, бидејќи сите работи не зависеле само од Министерството за образование.
Наставните програми за 1 и 4 одделение се со проверена и одобрена програма, испечатени се и доставени до училиштата. За трето и петто одделение се уште се на одобрување кај надлежните.
Три фирми водат натпревар кој да го добие милионскиот тендер за печатење на учебниците и иако веќе има избрана фирма, тече рокот за жалби, вели министерот Шакири.
Подготвено од М.Н.