https://www.flickr.com/photos/klerevue/17008546/in/photolist-e5px7k-e5vq9y-e5vhB1-e5vojo-e5pCxM-cgTG1C-e5pzbt-cgYhG1-66gx9G-cgYmaA-e5pLgc-e5puuz-cgYjpN-cgTP79-cgYrnS-e5vvsG-cgU9xy-cgYnT9-cgYfPo-dnzZjv-cgUcsE-9keLCc-5DjMKF-EZmie-5DjMLv-2gKFDnM-cgUbff-9qH375-dKMq9Y-9keftE-eKSJVb-5MzpUB-fM2VX2-sHhkRb-qmXFaZ-eBpvVt-2gKGqz1-2gKFDjR-2gKFDkC-e8zzcB-aqTHjV-6Zk3er-81dfCE-2nJpRyS-6pDbbR-6PuoM2-6dZ9bB-q7f53V-81dfEo-2vb3N

12.10.2022 Скопје

Најавената финансиска помош од Владата во износ од 3 илјади денари, за ранливата група на граѓани, планирано е да започне во месец ноември. Истото важи и за помошта која беше најавена за пензионерите, во вредност од 1500 денари месечно.

Премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека ќе се подготвува нов закон кој ќе треба да помине во Собранието за да може да започне примената на најавените антикризни мерки. Ковачевски додаде дека се надева дека сите политички партии и сите пратеници во Собранието ќе бидат на висина на својата задача и откако ќе биде доставено законското решение, ќе влезе во собраниската процедура и ќе биде одобрено.

Во однос на предлогот на опозициската партија, за организирање на викенд без ДДВ, Ковачевски истакна дека тое не е предлог на лидерот на опозицијата туку на владиниот коалициски партнер, и додаде дека треба да се видат ефектите и дека и Министерството за економија ги прави тие анализи, бидејќи во претходниот таков викенд во време на пандемијата Ковид-19 се купувало повеќе техничка опрема отколку храна.

Доколку дојде до одлука повторно да се организира викенд без ДДВ, ќе треба да напраиме измени во делот на техничката опрема, за да не ни се повтори уште еднаш истиот ефект како во време на пандемијата Ковид-19, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Подготвено од М.Н.

About Author