https://www.flickr.com/photos/131199581@N05/16827859722/in/photolist-rD2bqs-2geEm7b-2n5CiLL-aKX3T-2nhVUyy-pmyRxm-a2rTmD-2n63yJp-6S9rat-2n5Fshj-xYY9z-2n61Sax-2no5LGi-5og7dq-ShwNsS-5ofVLo-2n7KJhC-2jHUmFj-zHUpaT-2ih6jpW-2ngfe7z-2n697mf-kJ8atA-5og797-5obPJ6-2n9k2cS-242kKoV-2nrPfra-2n68rge-2naE2Yy-2nMU6Vr-29grCQM-5obPfD-zVKKZG-E1a18J-p4z3v8-2n55r7x-riQTZd-HXZitm-2ncw7F9-2n9NwA4-2nBd8CN-2nhie6t-jR3NBj-SLwk5v-2muuaxr-4DJiJz-2n9uGqy-foQVPK-2csqeRd

10.10.2022 Скопје

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во видео обраќање изјави дека, доколку продолжат терористичките напади врз Русија, одговорот ќе биде уште по суров од овој денес.

Рускиот претседател Путин, ја обвини Украина за нападот на Кримскиот мост во Керчкиот теснец, опишувајќи го како терористички напад чија цел е уништување на важната цивилна инфраструктура на Русија.

Во видео обраќањето претседателот Путин, потврди дека Москва извршила ракетни напади со долг дострел врз енергетската, воената и комуникациската инфраструктура на Украина, како одмазда за нападот на мостот што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим во текот на викендот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, додаде дека доколку Украина продолжи со акти на тероризам против Русија, тие ќе возвратат на уште по суров начин, секој одговор ќе биде во ист размер како и заканата кон Русија и никој не треба да се сомнева во тоа, потенцираше рускиот претседател во своето обраќање.

Подготвено од М.Н.

About Author