https://www.flickr.com/photos/130548939@N05/51900702917/in/photolist-2n5hEMt-SQPp3S-5M33TA-2jnKWXP-U3vA5D-2cASkfw-2dCEbQj-2jvZSgN-2kVTQwS-2j6Zjot-K94j7X-5TacvU-2k1RDLK-neCS5C-hDDV4f-XCWDMJ-2kVTQw6-FULcpH-Ge89mn-235MX8L-FbgWx1-UJcsM8-K8BcR-YxGvtj-2n5jwEG-2kVWFvW-2j8U6sG-LoNoXq-3r2Cd-29Tsbn1-2mEcMaw-DntBzQ-24FXcqX-kH4D86-YdRkdq-PApX9r-2irj5ZF-avFtp8-FAuyBX-EtR3jt-yH9fur-2k8sBhg-39fBP-2nu4Nyu-2nezE7d-x9DXCC-SoECBm-MidFRK-S49V8M-2mJHweD

10.10.2022 Скопје

Новинари од странски агенции информираат дека мирот кој владееше во Киев со месеци, денес е прекинат. Во центарот на Киев одекнале неколку силни детонации, а локалните жители преку социјалните мрежи пишуваат дека експлозиите се уште траат.

Сирените за воздушен напад се огласиле десетина минути пред детонациите, како предупредување од ракетни напади.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести дека имало експлозии во областа Севченко во центарот на Киев, која го опфаќа историскиот стар град и во која област се наоѓаат неколку владини згради.

Полицијата од Киев соопшти дека има загинати и повредени во овој напад, жртвите биле во реонот на Киев, каде што се движеле со своте автомобили.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, изјави дека Украина се наоѓа под ракетен напад, бидејќи има информации за напади во повеќе градови во Украина. Експлозии се слушале во Лавов, Тернопил, Дњепар и Запорожје а локалните власти на Храков и Одеса исто така известија дека и нивните градови се под оган.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, изјави дека училиштата денес ќе бидат затворени поради безбедност, а дека има и привремени прекини во мобилните комуникации.

Претседателот на Укхраина, Володимир Зеленски, потврди дека многу градови низ цела Украина се рекетирани од страна на Русија, и ги повика своите граѓани да се засолнат, бидејќи земјава се справува со терористи.

 

Подготвено од М.Н.

About Author