sindikatite-baraat-zgolemuvanje-na-platite-vladata-predupreduva-na-inflatorski-pritisok-dokolku-se-zgolemat-naednash

10.10.2022 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат, како еден од начините за намалување на трошоците, согласно со Планот за фискална одржливост што го усвои, вчера, Владата за буџетски корисници.

Денеска, Ковачевски истакна дека цела на фискалниот сет мерки е преку намалување на расходите и зголемување на приходите да се ослободат финансиски средства за подобро справување со енергетската криза.

Со Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10 проценти во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект, односно заштеда од околу три милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи. Исто така, консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20 проценти во однос на фискалната рамка за 2023 година, со фискален ефект од околу три милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи. Се предвидува и консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20 проценти во однос на фискалната рамка за 2023 година. И по тој основ очекуваниот фискален ефект е околу три милијарди денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author