04.10.2022 Скопје
Градот Дудчани, кој се наоѓа на околу 30 километри јужно од местото каде беше поставен руски фронт, повторно е под контрола на Украина, откако украинската војска го направија најголемиот пробив од почетокот на војната.
Вкупно 31 руски тенк се уништени при движењето на украинските сили кон југ, заедно со еден повеќекратен ракетен фрлач. Украинската офанзива се прошири и забрза на истокот од земјата, заземајќи повеќе територии во областа која минатата недела беше анектирана од страна на Русија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека украинската армија ги освоила задните градови во голем број области, но не даде дополнителни детали околу тоа. Зеленски потврди дека источниот град Лиман, во Доњецк, е целосно чист од руските сили.
Повторно заземање на градот, кој беше под руска контрола од мај, означи уште една победа на Украина во нејзината контраофанзива која ја презема против руските сили, истакнал претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и додаде дека украинските вооружени сили успешно ќе ја продолжат контраофанзивата, но не ги спомна имињата на ослободените села во таа област.
Подготвено од М.Н.